| четврток, 6 декември 2018 |

Се обновува: „Галебот“ на Тито ќе стане музеј (Видео)

Галеб со пари од европските фондови ќе се обнови и ќе стане музеј. Со постоечката опрема тука ќе бидат бројни документации, фотографии, видеа и итерактивна содржина.

Сега на бродот се е старо, меѓутоа наскоро целиот брод ќе биде обновен. Она што е интересно е дека овој брод музеј ќе биде целосно прилагоден на слепи лица и лица во инвалидски колички.

Галеб е изграден за потребите на фашистичка Италија, бил италијански па германски воен брод, кога е и потонат.

После втората светска војска станува познат како Титов брод, но и школски брод на Југословенската воена морнарица.

Речиси да нема странски државник кој по официјално доаѓање во Риека не прашал за Галеб. Сепак градоначалникот на Риека е мета на критики, бидејки на него годишно одат половина милион куни државни пари.

-Очигледно е дека Галеб на многумина им смета, а мене ми е драго дека тој со својата историја не и смета на ЕУ, ниту на министерстава кои учествувале во проценка на овој проект. Воглавно, бродот е заштитен како трајно културно добро на Република Хрватска и секако наша обврска е да се грижиме за него, рекол Војко Оберснел, градоначалник на Риека.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top