| четврток, 6 декември 2018 |

Реал рутински против Алавес за почеток на пеколниот април (видео)

real madrid

Реал Мадрид рутински си ја одработе задачата на дуелот против Алавес, триумфирајќи со 3-0 за почеток на „пеколниот април“, месец во кој „кралевите“ покрај двомечот во ЛШ со Баерн ги очекуваат и дерби пресметките во Примера против Атлетико Мадрид и Барселона.

Карим Бензема по дваесетина минути игра го доведе Реал во водство, но потоа „кралевите“ наместо да продолжат со доминацијата заиграа многу послабо, дозволувајќи им на гостите да создадат неколку одлични шанси кои за среќа на голманот Касилја останаа неискористени. Отпорот на Алавес конечно беше скршен во последните пет минути, кога најпрвин Иско постигна убав гол на додавање на Роналдо, пред дефанзивецот Начо да ги постави конечните 3-0.

Мора да се истакне и повредата на Рафаел Варан, кој на камбекот на терените издржа само десет минути и мораше да биде заменет, по што францускиот интернационалец го очекува нова пауза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top