| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски патници: со авион може, со воз – не

aerodrom madridСтатистички, Македонците годинава повеќе летаат отколку што се возат со воз, споредено со лани. Според Државниот завод за статистика, бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз во првиот квартал годинава изнесува 191.957 и има зголемување од 12 отсто.

Раст, но помал од три проценти, има и во патниот патнички превоз, а бројот на превезените патници изнесува 3.679.000.

дете во возОд друга страна, за 30, 6 проценти е опаднато користењето на железничкиот сообраќај, односно превезени се 197.000 патници. Исто така, статистичко намалување има и во градско-приградскиот превоз, со што превезени се 16.660.000 патници, односно 10,3 отсто помалку.

Во овој период, во споредба со првото тримесечје од 2012 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 47,9 отсто, во воздухопловниот превоз за 20,7 отсто, додека во железничкиот превоз има намалување од 4,9 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top