| четврток, 6 декември 2018 |

Заборавете на бојата: Ги завиткала јајцата во свила, ги сварила и добила нешто што сите ги оставило без здив (Видео)

Се ближи Велигден и бојадисување на јајца. За да добиете јајца кои сите ќе ги остават без здив, пратете ги следните инструкции:

1.Исечете парче свила со некој интересен дезен и исто толку парчиња бело платно.

2.Замотајте ги јајцата во свилата, потоа и белата ткаенина и закачете ги со шноли за коса.

3.Повторете ја постапката со сите јајца.

4.Ставете ги јајцата во метален сад и наполнете ги со вода.

5.Сипете вода и 3 супени лажици алкохолен оцет, ставете ги на тивко да се варат и варете ги 15 минути.

6.Извадете ги јајцата, оставете да се изладат, а потоа одмотајте.

Истата свила може да ја користите неколку пати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top