| четврток, 6 декември 2018 |

Научниците создадоа вештачка крв

Новото истражување спроведено на Универзитетот во Бристол буди надежи дека еден ден процесот на трансфузија ќе биде целосно поинаков и ќе се надмнинат проблемите за недостиг на резерви на крв…

Студијата објавена во средината на март во списанието „Nature Communications” испитувала нова техника за производство на потенцијално неограничени количини на вештачка крв. Во оваа фаза, правењето на вештачка крв е премногу скапо и комплицирано, за да има предност во однос на стандардното донирање на крв.

Меѓутоа, со усовршување на техниката, вештачката крв може да биде корисна во светот.

„Потребата за алтернативи на стандардната трансфузија е голема во целиот свет” – вели др. Џен Фрај, биохемичар на Универзитетот и една од авторките на студијата.

„Произведените еритроцити имаат предност во однос на крвта на донатор, бидејќи го намалуваат ризикот од заразни болести кои се пренесуваат со трансфузија”.

Претходно научниците успеваа да создадат „вештачки” крвни зрнца благодарение на матичните клетки, но од една матична клетка може да се произведат само 50.000 црвени крвни зрнца, додека за споредба, само една кеса крв за трансфузија содржи околу билион (илјада милијарди) еритроцити.

Користејќи го новиот метод, научниците успеале да ја продолжат фазата на матичните клетки во која можат да неограничено да се размножуваат, а научниците велат дека тој процес клетките ги прави „бесмртни”. Техниката еден ден може да се користи за создавање на крв, но протоколот е уште во повој.

Тимот од Бристол направиле само неколку кеси крв. Сепак, за неколку години, новиот метод би овозможил на болниците да чуваат резерви на ретки крвни групи и да ги користат по потреба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top