Вработен во службата за Брза помош во Германија, Кај Мулер бил исфрустриран од однесувањето на пациентите кои без сериозна причина оделе на Ургентен центар, па на Фејсбук објавил фотографија со која на сите сакал да им покаже како изгледа вистински итен случај.
Фотографијата била сликана во собата за итен прием на пациенти и го прикажува хаосот кој останал по една операција, а целата опрема и скоро целата собра била прекриени со крв.
– Повторно пациенти ме прашуваа зошто мора да чекаат толку многу во ходникот, па сакам да им ја покажам оваа фотографија. Жал ми е што ќе звучам помалку остро, но страшно е што се’ луѓето земаат здраво за готово, па уште и немаат чувство за тоа што е навистина итно. Чудно е како толку брзо можат да ја најдат Итната помош, а не својот лекар, напишал тој на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тригодишно дете вечерва донесено починато на скопската клиника
-
Се степале затвореници, еден завршил на Ургентен
-
Спречен терористички напад: Терористите пламнирале многу крв да се излее пред очите на Путин
-
Што се случувало утрово во Кисела Вода: Кога полицијата пристигнала на Ургентен, пријавеното лице не било таму