| четврток, 6 декември 2018 |

Покетино: Пази се Челси, ние доаѓаме

poketino

Тотенхем го искористи „киксот“ на Челси на „Стемфорд бриџ“ и поразот од Кристал Палас (1-2) и ја намали негативата во однос на лидерот на седум бода. До крајот на шампионатот во Премиер – лигата остануваат уште девет кола, во оптек се уште 27 бода, што му дава за право на менаџерот Маурисио Покетино да се надева дека неговиот Тотенхем ќе успее да стигне и до шампионскиот пехар. „Спарси“ вчера славеа на гости против Барнли со 0-2, а потоа Покетимно му испрати порака и на Челси.

– Оваа победа е огромна за нас. Победивме одличен тим на гости, но поважно од тоа е што и Челси загуби дома. Тоа значи дека сега повторно сме во трка за титулата. Покажавме карактер и се надевам дека и во преостанатите девет кола можеме да искористиме уште некој подарок од нашите конкуренти. Пази се Челси, ние доаѓаме – изјави Покетино по триумфот над Барнли.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top