Екипата на Пари сен Жермен успеа да ја одбрани титулата во Лига-купот на Франција, откако ви финалето кое се играше во Лион буквално го декласираше најголемиот конкурент оваа сезона во Лига 1 екипата на Монако со 4-1.
Ова е седма титула за ПСЖ во историјата на францускиот куп што воедно претставува и нов рекорд и четврта во низа, и се чини дека брзо се рехабилитираше од неочекуваното испаѓање од Лигата на шампионите. По овој трофеј, останува уште битката за титулата во домашниот шампионат, а таму ПСЖ има три бода помалу од денешниот противник.
Иако Монако настапи без неколку стандардни провимци вклучувајќи ја и машината за голови Фалкао, значењето на победатана ПСЖ воопшто не е намалена. Избранците на Унаи Емери ја контролираа играта во текот на целиот меч и лесно стигнуваа до противничкиот гол и креираа шанси за погодоци во мрежата на Субашиќ.
Ди Марија беше клучен играч, откако Аргентинецот постигна еден и асистираше при уште два гола за ПСЖ, создавајќи им огромни главоболки на избраниците на Жардим. Кавани беше стрелец на два гола, а покрај Ди Марија еднаш меѓу стрелците се запиша и Дракслер, додека единствениот погодок за Монако беше дело на Лемар.
По загубеното финале, Монако ќе се сврти кон француското првенство во кое има изгледни шанси за титула на осум кола до крајот.
Monaco vs PSG 1-4 All Goals & Highlights HD 01… by sports-live1
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.