| четврток, 6 декември 2018 |

Џеко двоен стрелец, Рома рутински против Емполи на „Олимпико“ (видео)

edin dzeko

Фудбалерите на Рома рутински си ја завршија работата на вечерашниот дуел со Емполи, триумфирајќи со 2-0 благодарение на Един Џеко и неговите два погодоци со кои босанскиот ас останува на врвот на листта на стрелци во Серија А. Џеко најпрвин одлично се снајде по еден корнер во првото полувреме, за потоа во вториот дел да зголеми на 2-0 по одлично спуштената топка од страна на Салах.

Рутинската победа му овозможи на тренерот Спалети на дваесетина минути до крајот да го повлече од игра „босанскиот дијамант“, со цел да го сочува за претстојниот реванш од Купот на Италија против Лацио на кој „волчицата“ ќе брка негатива од два гола.

Рома со оваа победа се приближи на пет бода заостанување зад Јувентус, кој утре го игра својот меч од ова 30. коло, на гостински терен против Наполи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top