Во последниот денешен натпревар од 29. коло на Примера, на „Ла Росаледа“ фудбалерите на Атлетико Мадрид ја совладаа Малага со 0-2. По денешната победа „јорганџиите“ барем до утре ќе бидат на третата позиција, до мечот на Севилја против Спортинг Хихон.
Избраниците на Диего Симеоне играат крајно променливо во поголемиот дел од сезоната, но на последните средби тие конечно ја покажуваат стабилноста во одбраната што го красеше овој тим во претходните неколку сезони. Токму тоа внесува сигурност во играта на Атлетико, па и притисокот врз остатокот од тимот е далеку помал.
Коке го отвори резултатот на денешниот меч по 27 минути игра, крунисувајќи со погодок акција што тој самиот ја почна на четириесетина метри од противничкиот гол, за Филипе Луис во вториот дел да ги постави конечните 0-2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)