| четврток, 6 декември 2018 |

Албанци не дозволуваат враќање на протераните Срби на Косово

Група Албанци денеска протестираа во косовското село Љубожда, поради врќањето во местото на поранешни жители од српска националност, кои биле протерани од нивните домови за време на конфликтот во Косово во 1999 година.

Како што јави Танјуг, протестот минал без инциденти. За време на собирот, објектот во кои се сместени Србите повратинци го обезбедувале припадници на КФОР и на косовската полиција.

Вкупно 13 српски семејства од Љубожда пред три дена по 18 години се вратија во селото и до обновата на нивните домови, тие ќе бидат сместени во заеднички објект.

До 1999 година во Љубожда живееја околку 40 семејства на локални Срби, кои по повлекувањето на српските сили од Косово, беа протерани во Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top