| четврток, 6 декември 2018 |

Хаос на улиците во Лондон (видео)

Во Лондон истовремено одржуваат протести крајните десничари и антифаштисти, а британската полиција уапси 12 лица и се обидува да спречи да дојде до судир.

Како што јавува АП, лондонската полиција вовела посебни услови за марш и митинг, кои ги организираше крајно десничарката политичка партија „Британ фрст“ (Britain First) и движењето „Англиска одбрмбена лига“ опишувајќи ги како „марш против тероризмот“.

Во близина на демонстратните кои ја поддржуваат крајната десница се одржуваат контрадемонстрации кои ги оргранизираше антифашистичката група „Обединети против фашизмот“.

Протестите се случуваат 10 дена по нападот во Лондон кога беа убиени четири лица од страна на Халид Масуд. Тој прегази тројца на мостот Вестминистер, а потоа го прободе полицаецот пред зградата на британскиот парламент.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top