| четврток, 6 декември 2018 |

„Убавиот“ против „слаткиот“, боксерска битка на деценијата меѓу Мејведер и Алварез

Флојд Мејведер е „Убавото момче“ на светскиот бокс, или барем таков му е прекарот, а следниот противник во битката на деценијата ќе му биде „Слаткото момче“, Саул Алварез. Поточно Мексиканецот има прекар „Канела“ или Цимет, а боксерските вештини на двајцата ривали ветува спектакл во „MGM“, арена во Лас Вегас, на 14. септември.

Мејведер е непоразен во ВБЦ верзијата во супер-велтер категорија и има неверојатен биланс од 44 победи со 26 нокаути. Ветеранот има 36 години и се уште е брз како молња, а ударот му е страшен и прецизен, па тој е фаворит, против помладиот ривал Алварез, кој има само 23 години. И тој набрзина собра 42 меча, а нема пораз со 30 нокаути. Мејведер боксува помалку, внимателно ги одбира ривалите, да бидат атрактивни, па затоа и заработува огромни суми на пари.

За последниот меч во кој го победи Роберто Гереро, „Прити Бој“ инкасираше цели 32 милиони долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top