| четврток, 6 декември 2018 |

Илиевски: Маските паднаа, отфрлете ја платформата!

ilievski-bogdanБараме од сите политички чинители да се откажат од документ направен во соседна држава, документ кој не и носи добро на Македонија на долорочен план, ова го порача Богдан Илиевски, еден од главните организатори на граѓанскта иницијатива „За заедничка Македонија“.

-Денеска по малку симболично на денот на шегата, денот на кој многу луѓе се маскираат, порачуваме дека не е време за шегување и дека паднаа маските. На сите им е јасно, никакви мимикрии и обиди да се препакува, да се протне под некое друго име тиранската платформа нема да успее. Бараме од сите политички чинители, веќе 34-ти ден по ред и ќе продолжиме уште колку и да треба, мора да се откажат од потписот за документ направен во соседна држава, документ кој што не и носи добро на Република Македонија на долгорочен план. Повторуваме бидејќи е тоа актуелно, пет дена не успеаја, поради активноста на луѓето на улици, бараме да се спречи избирањето на претседател на Собранието кој што претходно нема да се откаже од тиранската платформа и да ја отфрли нејзината суштина, затоа сме и викендов овде, во оваа редовна викенд алтернативна програма, изјави Илиевски.

На новинарско прашање дали е можно граѓаните да влезат во Собранието, поради најавата на протестите дека дистанцата меѓу граѓаните и пратениците е премала, Илиевски изјави дека споменувањето на дистанцата е фигуративно и порака пратениците да знаат дека народот е тука.

-Нагласувањето на дистанцата меѓу пратениците и граѓаните е фигуративна и има за цел да кажеме дека сме тука, дека не се откажуваме од законодавниот дом, од парламентарците кои што ние сме ги делегирале и сме им дале задача да ни служат, да бидат наши пратеници таму. Значи дека сме тука, дека сме присутни, дека будно ја следиме нивната работа. Што ќе се случи во иднина ќе видиме, ние апелираме и се надеваме на нивна одговорност, за мигот во кој се наоѓаме сите и свеста за одлуките кои мора и не смее да ги донесат, мора да ја отфрлат тиранската платформа и не смее тиранската платформа да е агенда за формирање на некаква влада, изјави Илиевски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top