| четврток, 6 декември 2018 |

На проблемите на Мурињо им нема крај, се повреди и Хуан Мата

huan mata

Жозе Мурињо се соочува со уште еден огромен проблем околу составот на Манчестер јунајтед пред денешниот дуел со ВБА, откако доцна синоќа беше обелоденето дека Хуан Мата најверојатно нема да може да настапи за „црвените ѓаволи“ до крајот на оваа сезона. Шпанецот, кој по доаѓањето во Јунајтед нема пропуштено ниту еден натпревар поради повреда, во последните денови се жалел на болки во мускулот, по што лекарите сугерирале дека тој мора да биде опериран.

Хируршкиот зафат бил извршен во текот на вчерашниот ден, а според првичните информации Мата ќе паузира најмалку шест седмици, што би значело крај на сезоната за талентираниот плејмејкер.

Ова е уште еден во низата проблеми за Мурињо, кој за денешниот дуел со ВБА не може да смета на суспендираните Ибрахимовиќ и Ерера, како и на повредените Погба, Смолинг и Џонс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top