| четврток, 6 декември 2018 |

Ги фатиле со крадени дрва, па удриле по полицајците и им се заканувале дека ќе ги убијат

Полициската станица Радовиш поднесе кривична пријава против Е.И. од село Тополница, осомничен за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. Кривична пријава е поднесена и против А.А. од село Тополница поради сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење на службено дејствие“.

На 07.11.2017 околу 17 часот во близина на село Тополница, при одземање на трактор со приколка натоварена со дабови огревни дрва, управуван од Ј.Б. од село Тополница, без соодветна документација за огревните дрва, првопријавениот со тврд предмет удрил полициски службеник, додека второпријавениот им се заканувал по живот на полициските службеници, со што ги спречил во вршење на службено дејствие.

(фото – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top