| четврток, 6 декември 2018 |

Македонците од Торонто в недела ќе протестираат поради тиранската платформа

toron

Здружението на Македонци од Торонто закажа собир за протест поради тиранската платформа за недела, 2 април. Собирот, според поканата, ќе се одржи пред Зградата на законодавството на државата Онтарио, во паркот Квинс во Торонто, со почеток во 1 часот.

-Македонската заедница од целиот свет е обединета и со еден глас ја отфрла тиранската платформа и отфрла какво било странско мешање и интервенирање во суверенитетот на Македонија. Република Македонија е независна држава и никој нема право да се меша во нејзините внатрешни прашања – пишува во најавата.

Во текот на изминатиот месец слични собири на Македонци што протестираат поради платформата од Тирана се одржаа во поголем број престолнини низ светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top