Ернестс Гулбис повторно е во елемент и по разноразните глупости што ги кажа и направи во кариерата, повторно се истакна со изјава за француски „Л`Екип“. Тенисерот има неверојатен талент, но си го троши попусто, а доживеа нов дебакл и на Ролан Гарос, каде што е елиминиран од Гаел Монфис. За реномираниот француски весник изјави дека интервјуата на Новак Ѓоковиќ, Роже Федерер, Рафаел Надал и со Енди Мари се вистинско ѓубре.
– Ги ценам како спортисти, но стануваат досадни. Интервјуата им се истотака досадни. Или поточно кажано се вистинско ѓубре – вели Гулбис. Тој малку и ги измеша „лончињата“, па додаде дека на тенисот му се потребни војна, емоции и крв.
– Баш ми е гајле што ќе мислат другите. Кога сум на терен, не сакам да бидам фин, таму се води војна за секој поен, за секоја топка. Вистината е дека има и крв и емоции. Затоа го сакам боксот, таму противниците им нудат на гледачите тоа што му треба и на тенисот. Кај нас е сѐ така убаво, љубезно, се ракуваме, облечени во бело, неколку фотки и тоа е тоа. Треба да се менуваат работите – изјави Гулбис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.