| четврток, 6 декември 2018 |

Аферата „Платеничка револуција“ на СДСМ раширен канцер во општеството

сарена

Аферата „Платеничка револуција“ каде со пари од Сорос раширени низ чадор на десетици невладини организации се финансираат протести, фингирани вести, јавни настапи и деструктивни активности на опозицијата навлегува длабоко во општеството и како канцер е раширено низ огромен број на јавни сфери.

На платеничкиот список се наоѓаат политичари, јавни личности, граѓански активисти, платени експерти, судии, новинари, уредници на весници, блогери. Нивната задача е креирање на фиктивна слика за непостоење на слобода и демократија и преку насилен пат рушење на демократски избрана власт. Бројчаникот на платениците неограничено вртел и се одлевале милиони. Но, сега е разоткриена мрежата на кој начин функционирала опозицијата и недемократскиот начин на кој СДСМ од една страна глумејќи жртва, а од друга страна силно корумпирајќи ја секоја пора од општеството сака да се дограби до власта

Меѓу стотиците кои инкасирале пари за својот активизам е и Ж.Тр. од ГЕМ клубот. Тој на пример во 2014 година земал близу 60 илјади денари бруто приход од соросовата ФОРУМ ЦСИД.

Истата година од Македонскиот центар за европско образование пари земал и аналитичарот С. М., кој инкасирал по 13.667 денари. Ова покажува дека не беше за џабе штрајкот со глад кој С.М. го практикуваше неколку дена пред македонското собрание.

На платеничкиот список на соросовиот Македонски центар за европско образование се наоѓа и блогерот Вл. Ст., кој својот активизам го вреднувал по 81.730 денари.

Ан.Ст. од МЦЕО, кој често во јавноста ги застапува ставовите на СДСМ и опозицијата минатата година инкасирал 895 илјади денари, а во 2014-та година инкасирал 1.054,103 денари од истата организација.

Дека и протестите на пленумите предминатата година беа директно финансирани од соросовите организации покажуваат приходите на Бл. М., член на Студентскиот пленум кој во 2014 година заработил 356.796 денари од Реактор Скопје, а пари заработила и Тања Малеска од истата организација заработила 1.453,528 денари.

Пари земала и поранешниот член на антикорупциска В. М., која минатата година од соросовата Транспарентост заработила 324.222 денари, а 2014-та околу дополнителни 126 илјади денари. Сн.Тр. од Македонскиот институт за медиуми земала по 6.666 денари од Центарот за развојот на медиуми.

На платниот список се наоѓа и пратеничката од СДСМ Ј.Ш. од СДСМ која од ХЕРА заработила 17.853 денари, додека Ст.Ф. од Соросовата Метаморфозис заработил над 945 610 денари.

Продолжува платеничката револуција и на полето на новинарството. Имено новинарката Г.Д. од Утрински весник, која е дел и од ЗНМ, земала во 2015 година пари од Центарот за развој на медиуми, а пари земал и нејзиниот син Ст.Д. од соровата МЦЕО во 2014 година во износ од по 23 333 денари.

Вистински рекордери по приходите се вработените во СОРОС Македонија. Освен Милчин, Ф.К. таму високи приходи има и З.Ц., кој како административен директор во 2014-та година земал речиси 3 милиони денари поточно бруто приход од по 2.914,462 денари, а минатата година остварил приход од огромни 3.226,704 денари, додека С.К.-П., Директорка на програма во Сорос Македонија земала 2.091,079 денари во 2014 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top