| четврток, 6 декември 2018 |

Кој може да го победи „кралот“, Федерер спаси две меч топки и се пласираше во полуфиналето на мастерсот во Мајами

Miami Open tennis tournament

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер се пласираше во полуфиналето на АТП турнирот во Мајами, откако во четвртфиналната средба го совлада Томаш Бердих со 2-1 (6-2, 3-6, 7-6) во сетови.

Федерер одлично го отвори дуелот и го доби првиот сет со убедливи 6-2 со два брејка, сепак одговори Бердих во вториот сет кој го доби со 3-6 и средбата влезе во решавачки трет сет.

Во драматична завршница, Федерер имаше меч-топка на сервис на Бердих во десеттиот гем, но Чехот ја спаси, по што средбата замина во тај-брејк.

Таму Бердих дојде до 6-4 и две меч-топки, од кои првата на свој сервис. Тогаш на сцена стапи Федерер кој ги освои следните четири поени и славеше во тај-брејкот со 8-6.

Федерер во полуфиналето ќе игра со Австралијанецот Ник Кригиос кој истотака во три сета (6-4, 6-7, 6-3) славеше над Алексадер Зверев. Во првото полуфинале пак ќе играат Рафаел Надал и Фабио Фоњини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top