| четврток, 6 декември 2018 |

Тачи се откажа од формирање војска

таци

Косовскиот претседател Хашим Тачи го повлече својот предлог за брзо уставно воспоставување на војска на којшто се спротиставија неговите западни сојузници.

По војната којашто од 1998/1999 година којашто заврши со интервенцијата на НАТО и повлекување на српската војска од дотогашната српска покраина Косово и Метохија, која подоцна со поддршка од водечките земји од Западот еднострано прогласи независност во 2008 година од Белград, територијалната целост на земјата ги осигуруваат меѓународните сили кои ги предводи НАТО.

Меѓутоа, и покрај одредбите за безбедноста на Косово, тамошниот претседател Хашим Тачи на почетокот од март најави носење закон за формирање војска со 5.000 припадници, заобиколувајќи ја уставната одредба којашто бара согласност од српското малцинство.

-Целосно сме согласни дека тој процес (создавање војска) да се оствари низ уставните промени. Ќе создадеме косовска војска така да биде составен дел од НАТО, а не косовска војска која би била изолирана  – сепак рече претседателот Тачи за AFP.

НАТО и САД, коишто се сојузници со Тачи, се спротиставија на овој предлог и предупредија дека тоа би ја довело во прашање нивната поддршка на косовските безбедносни сили чијшто мандат е ограничен на заштитата на цивилите.

Оваа одлука на Хашим Тачи доаѓа во период на смирување на тензиите меѓу Белград и Приштина кои беа забележливи последните месеци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top