| четврток, 6 декември 2018 |

Кил избори четвртфинале во Лигата на шампионите

Ракометарите на Кил изборија пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите, откако вечерва како гости во реванш осминафиналето го победија Рајн Некар Ловен со 26:24 и со тоа ја анулираа предноста на противникот, кој на првиот дуел победи со 25:24.

Во вкупниот резултат е 50:49 за Кил, кој во четвртфиналето ќе игра против Барселона исто како и ланската сезона.

Двете екипи се менуваа во водството, а во решавачките моменти ракометарите на Кил беа посмирени. Ким Екдал ди Риц од РНЛ со шест голови беше најефикасен, додека кај Кил најпрецизни беа Никола Билик и Марко Вујин со по пет голови.

Другите осминафинални дуели се играат во деновите од викендот: ПСЖ – Нант (26:26 прв натпревар), Веспрем – Загреб (23:22), Флензбург – Мешков Брест (26:250, Киелце – Монпеље (28:32) и ПИК Сегед – Силкеборг (26:24).

Македонскиот првак Вардар во четвртфиналето ќе игра со подобриот од дуелот Флензбург – Мешков Брест.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top