| четврток, 6 декември 2018 |

Хесус Навас во Манчестер сити

Шпанскиот репрезентативец од Севилја, Хесус Навас, е на чекор од заминување во Англија, во редовите на Манчестер сити. Двете страни веќе ги договорија условите, Навас вели дека е задоволен и сака да игра на „Итихад“, но се чека на согласност од Севилја. Тие бараат отштета од 30 милиони евра и не сакаат да ја спуштат цената за одличниот крилен играч. На трансфер инсистира новиот тренер на „граѓаните“ од Манчестер, Мануел Пелегрини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top