| четврток, 6 декември 2018 |

Се полни од секое ќоше, најмасовно досега против тиранските сценарија (ДРОН)

Скопјани најмасовно до сега излегоа на 32. марш организиран од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

Огромен број на граѓани тргнаа од пред Владата на Република Македонија со порака за зачувување на унитарноста.

Граѓаните на Македонија веќе 32 дена се на улиците. Тие повторно кажуваат дека се против двојазична Македонија и против дебати кои се вовед во промена на знамето, химната и грбот на државата.

Еден од главните организатори на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски кажа дека народот нема да дозволи да се шверцуваат туѓи платформи и претседатели на Собрание качени на нив.

Триесет и втори ден, овој народ, во овој голем број е гарант дека остануваме на нашите барања и нема да дозволиме да ни шверцуваат платформи од Тирана и претседатели на Собрание качени на тие платформи, порача Илиевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top