| четврток, 6 декември 2018 |

Во живо: Скопје е на улица! Граѓаните масовно против тирански претседател на Собранието

Најмасовно до сега, од пред зградата на Владата огромен број на граѓани го започнаа 32. марш за заедничка Македонија. Цело Скопје е на нозе, улиците се преполни, а на масовниот марш организиран од Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ од сите страни му се приклучуваат се поголеми групи.

Погледнете ја атмосферата во моментов на овој линк

Граѓаните на Македонија веќе 32 дена се на улиците со цел да ја зачуваат унитарноста, сувереноста и независноста на Република Македонија. Тие повторно кажуваат дека се против двојазична Македонија и против дебати кои се вовед во промена на знамето, химната и грбот на државата.

Триесет и втори ден, овој народ, во овој голем број е гарант дека остануваме на нашите барања и нема да дозволиме да ни шверцуваат платформи од Тирана и претседатели на Собрание качени на тие платформи, порача Илиевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top