Да им покажеме колку сакаме да се отфрли тиранската платформа, со што поголема излезност и масовност на вечерашниот протест, апелираше Игор Дурловски во вестите на „Канал 5“. Како еден од организаторите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, Дурловски смета дека нови предвремени избори се секако излез од кризата, што ќе ја смират ситуацијата во Македонија.
– Би сакал да апелирам, да ги повикам сите граѓани кои што чувствуваат за сходно да дојдат, да ни се придружат, затоа што секој ден сме на улиците, веќе 32 дена по ред, апелира Дурловски.
Тој вели дека очекува оти претставниците на „За заедничка Македонија“ ќе бидат примени на средба со Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, кој за следната недела најави посета на Македонија.
-Како што и претходно побаравме средба со еврокомесарот за соседска политика и проширување, Јоханес Хан, така ќе побараме и сега. Верувам дека ќе бидеме удостоени да бидеме примени од Туск, за да ги чуе мислењата на граѓаните. Верувам во тоа и се надевам дека ќе се оствари таква средба, потенцира Дурловски.
Истакна и дека на улиците ќе останат се додека не бидат исполнети барањата на иницијативата, додавајќи дека доколку не очекувале нивните барања да бидат исполнети, немало ниту да бидат на улиците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)