Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, заедно со министерот за надворешни работи Никола Попоски остварил средба со германската канцеларка Ангела Меркел на маргините на конгресот на ЕПП во Малта, се дознава од добро упатени извори.
Според информации на порталот, на средбата заедно со Меркел биле и претседателот на Комитетот за надворешни работи во Европскиот парламент и прв потпретседател на ЕПП, Дејвид Мекалистер и неколку други нејзини соработници.
На средбата, како што се дознава, претставниците на ВМРО-ДПМНЕ ја објасниле актуелната политичка ситуација во Македонија, предизвиците со кои се соочува земјата и политичката криза, како и можните решенија за излез од неа и движење на земјата напред кон НАТО и кон ЕУ.
Според информациите, двете страни размениле свои видувања за состојбата и мислења за опциите за понатаму.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.