Нова офанзива на „Павел Шатев“, радосно и со фанфари најави „Минус инфо“ на стратегот Зеро. Лице од портирницата, т.е. единственото работно место кое не е окупирано од роднина на Заев, пренело дека социјалдемократите подготвуваат силна диверзија со која сигурно ќе го пренасочеле расположението на народот и, дефинитивно, ќе го „закопале“ ВМРО-ДПМНЕ.
Најновата социјалдемократска офанзива има цел да ја извлече врхушката на СДСМ од калта и тешката депресија, која им ја наметна убавиот народ на улица, башка во бројки кои тие отсекогаш само можеле да ги сонуваат.
Шифра за оваа офанзива е „Т’лажни вести“, „Т“ морале да стават поради чадорот, а при првичното одбивање им се јавила Катица Јанева и им рекла дека нема смисла само таа да се бламира со глупоштините на „Т“, па фер би било, по сè што им учинила, и СДСМ да влезат во шемата.
„Та на ви викуват ТДСМ да се прекрстете, ај с’а, мислете на мен ме е лесно да и правам слаучаевето на „Т“, снема ми зборове!“ им спискала Катица на Заев и на Рада.
Решавачки, сепак, бил повикот од скопскиот рид. Преку сигурна линија од Вашингтон, каде што бил на рибање, Џес со последните сили побарал офанзивата да остане „Т’лажни вести“, на што Заев само кимнал, се поклонил и му учинил без поговор.
Најновата вест од социјалдемократите била гледана како откровение. Заев најавил прес-конференција, гордо се истопорил пред влада и со торжествен тон мешајќи струмички ко секогаш кога е возбуден (особено кога лаже, а тоа се случува често) соопштил:
„Народе албански, македонски и друјзите помалу битни! Чуме се со Трамп и кажа ми оти ќе улегнеме у НАТО. Прашање на време било кога, ама обеќа ми! Нишани утре ќе ми гу даде мандато, оти Иванов неќе па неќе, така шо од утре коваме нова индина! Дуваѓа живот за нас, социјалдемократи напатени, ќа фанеме по сто тендери, ќа ве вработеме! Дуваѓа живот!“ свикал Заев со солзи во очите и избегал од говорницата.
Влетал на задното седиште на „аудито“ од 80 илјади евра, каде што го чекале Рада, која со недоверба во гласот го прашала:
„Зајо душо напатена, сигурен ли си дека не праиме контраефект со лажниве вести? Па не минаа два дена, те фатија дека лажеш за Хан и отворање на поглавјата, Иво Вајгл лично ги демантираше нашиве медиуми и нас шо им се налепивме, а и со Грујо дека пребегал у Турција не минавме боље? Зајо, да не се закопаме, друже, а?“, запрашала Рада во исто време гледајќи ја електронската сметка за да види дали ѝ легнале кириите што си плаќа самата на себе.
„Радо, не ме предомишљај ма, Џес това ни остави у аманет пред на рибање да оде, поздрав и од Бренан било. Да не са Германците, ќа пропаднеме, живи и здрави да се. Морахме вака, сфиках ги вчера ударните ни песници – Зеро наш, Горјан од „Стара Тв“, Гладен од „24 паравести“ и Шљаки од ТВ „Селма“ и питах и за ефекто. Кажаха ми оти ефекто на лажната вест останува у мозоко, па ти демантирај колку искаш, првото чуено устанува. Они се согласиха да лажуват колку можат со сите ресурси и за сите пари. Ќе лажеме друшке, нема друго чаре!“
„А ова со Трамп бе Зајо, да не е преише?“ изјавила Рада со насмевка од увидот во сопствените кирии кои во моментот ѝ се покажале на сметка.
„Јок, тај Радо и така не мразе. Па и да не демантирува, а ќе не, ќе остане кај народо воа оти ме сака и у НАТО ќе не унесе. Дел нема ни да го чујат деманто, а вија нашите калпаци партиски, тија и така веруват у сè што ја три години ги лажам! Това е сигурно, за онија шо поверуваха оти се зезам за двојазичност и федерализацијата, а слушаха ме у Берн шо говорам, за них ја само вистина говорам! Нема бегање, од сега повеќе ќе лажеме, муваме и извртуваме! Да живее СДСМ“, свикал Заев и ко Џон Вејн скоро во движење скокнал од „аудито“ кое застанувало во моментот. Го дочекала тајфата лешинари предводена од Шљаки и Зеро, со китапи под мишка со подготвени лажни вести. Главниот лажго и лидер се насмевнал од среќа, ги гушнал од благодарност и така блажени се упатиле гушнати кон лидерските одаи. Немале лесна задача, морале со нови лаги да го сменат мислењето на народот, кој веќе одамна ги восприемал ко муватори, лажговци и антинационални чеда кои се подготвени и сопствената мајка, а не држава да продадат, само за на власт да дојдат.
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
Олаф од Фрозен
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.