| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија на руската национална телевизија? Репортерот на „Росија 1“ влезе во дувлата на Сорос во Македонија (ВИДЕО)

Руската национална телевизија и репортерот Антон Љадов, истиот оној кој влезе во џамиите и терористичките дувла во Косово, Македонија, Србија, Црна Гора и Албанија, минатата недела ги сними дувлата на Сорос во Македонија.

Џорџ Сорос, пријател и спонзор на обоените револуции низ светот, сега е прогонуван. Најверојатно бидејќи Стејт департментот на САД веќе престана да го поддржува. Како резултат на тоа, неколку источноевропски земји го кренаа гласот против Сорос и неговата Фондација „Отворено општество“. Сорос и неговите пари веќе не се добредојдени во Полска, Чешка, Словенија, Романија. Во Македонија се одржуваат масовни протести против него – пренесува руската национална телевизија.

Репортерот Антон Љадов влезе во дувлата на Сорос во Македонија откривајќи ја нивната организација и начинот на кој се пере мозокот кај младите регрути, кои гордо се идентификуваат како „Соросова армија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top