Работникот Андреј Карамелеа (22) е осомничен за предизвикување несреќа во која животот го изгуби Ирена И (28), а неколкумина се повредени.
Медиумите објавија фотографија од момчето, а сеуште постојат и повеќе непотврдени информации за тоа како дошло до несреќата.
Според некои пишувања младиот Андреј намерно влетал меѓу 60 луѓе за да се одмазди бидејки добил отказ, но директорот на фабриката набрзо ја демантирал оваа шпекулација.
– Возачот е вработен во нашата фирма, но секако нема добиено отказ. Да имало такво нешто, досега тоа ќе го знаевме, изјавил за медиумите директорот на фирмата.
Причините за трагедијата се уште се испитуваат, велат од полицијата, но се сомневаат дека младиот човек сакал некого да импресионира и затоа автомобилот го возел во круг, но сето тоа завршило со катастрофа.
Тој имал и полициско досие, пренесуваат медиумите.
-Страшниот инцидентот се случил неколку минути пред 10 часот. Младиот човек возел БМВ. Сакал да им се пофали на работниците на Леони, кои тогаш биле на пауза за појадок. И, во еден момент, со брзина од 80 км / ч тој влетал право на масата каде што имало педесетина работници, пишуваат романските медиуми.
Последниве години, вработение од фабриката “Леони” во Прокупље во Србија заминуваат на обука во фабриките на германската компанија, кои се наоѓаат во Романија и Словачка. Таму тие се задржуваат три месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)