| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓорческа се лизна на стартот на фјучрс-турнирот во Санта Маргарита ди Пула

lina gjorceska

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа и во вториот одигран турнир по повредата е елиминирана во првото коло. На фјучрс-турнирот во Санта Маргарита ди Пула, Лина доживеа неочекуван пораз од 2-0 во сетови од Олесја Первушина од Русија.

Тетовката одигра солиден прв сет, но во клучните моменти, поточно во тај-брејкот попушти и го загуби со 7-2. Во вториот сет руската квалификантка направи брза брејк-предност, која ѝ беше доволна за победа над големата фаворитка.

За разлика од сингл, во двојки нашата тенисерка заедно со својата партнерка Бернарда Пара од САД извојува тешка победа над Андреа Миту (Романија) и Софија Ковалец (Украина) и закажа дуел против првите носителки Вероника Кудерметова (Русија) и Валентини Граматикопоулоу (Грција).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top