За да ги отстраниме дилемите за заедничката декларација на албанските политички партии, јас сум принуден да ја прочитам декларацијата која е потпишана од албанските политички партии, гласи излагањето од собраниската говорница на пратеникот Ејуп Аљеми од ДУИ, кој во име на новото парламентарно мнозинство ја изнесе тиранската платформа на собраниска говорница за која од СДСМ велат дека не постои.
Ова е програма и платформа на албанските политички партии, рече Аљими. Првата точка е постигнување целосна рамноправност во согласност со Охридскиот договор и Уставот, посочи пратеникот од ДУИ.
– Правилно спроведување на принципот на мултиетничноста во Уставот на РМ каде што Албанците се сметаат како државотворна нација, поддржување секаква правна и уставна иницијатива која ja зајакнува националната рамноправност за албанското население. Постигнување целосна јазична еднаквост, употреба на албанскиот јазик на сите нивоа на власта и гаранција за неговата примена како фундаментално и уставно право. Уставот на Република Македонија треба да утврди дека македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик со неговото писмо се официјални јазици во Република Македонија. Сеопфатна дебата за знамето, химната и државниот грб на Република Македонија со цел државните симболи да ги рефлектираат општествената мултиетничност и етничката рамноправност. Усвојување резолуција во Собранието на Република Македонија со која се осудува геноцидот врз албанскиот народ во Македонија во периодот од 1912 до 1956 година – рече Аљими.
Тој рече дека платформата предвидува постигнување економска рамноправност и општествената благосостојба, особено преку рамномерен регионален развој.
– Создавање нов механизам во форма на една државна комисија за финансирање на општините, за донесување одлуки со право за владини грантови во корист на општините. Создавање министерство за политички систем и односи меѓу заедниците како надлежен орган за почитување на правата на заедниците и поттикнување на економскиот и социјалниот развој во неразвиените подрачја. Остварување правична застапеност во органите за безбедност, војската, разузнавањето и правдата. Остварување правична застапеност во сите нивоа на централната власт, како и во јавните служби или претпријатија со јавни акции – изјави пратеникот на ДУИ.
Аљими рече и дека платформата предвидува целосно расчистување на прашањата и судските постапки како „Сопот“, „Бродец“, „Монструм“ и „Kуманово“ преку една анкетна комисија или меѓународен независен орган.
Тој рече дека во платформата има точка за создавање дух на доверба во функција на добри меѓуетнички односи како суштински елемент за политичка стабилност во земјата. Се предвидува создавање една централна институција за унапредување на јазиците на заедниците, која ќе обезбеди подготовка на преведувачи, уредници и предавачи.
Албанци во работната група за директни преговори со Грција и со Бугарија. Од собраниската говорница беше посочено дека платформата содржи и решавање на спорот за името во согласност со европските вредности и принципите на меѓународното право.
– Усвојување заедничка и обврзувачка резолуција во Собранието на Република Македонија со која Владата на Република Македонија се обврзува активно да се вклучи кон решавањето на спорот за името. Вклучување на Албанците во работната група за директни преговори со Грција – рече Аљими.
Во делот на добри односи со соседите Аљими изјави:
– Вклучување на Албанците во работната група за директни преговори со Бугарија. Соработка со Kосово и Албанија за интегрирано гранично управување. Отворање нови гранични премини.
Тркалезната маса на албанските парламентарни партии ќе се одвива во согласност со принципот на ротација и ќе служи како платформа за усогласување на политичкото дејствување и транспарентна комуникација со меѓународните партнери на Македонија – заклучи Аљими.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)