-Оваа земја има народ со исправена „кичма“, народ со исправено чело, народ кој ја сака каква што е, а не таква каква што сакаат некои да ја направат со разни подметувања и лаги – порача пред Собранието на Република Македонија, Богдан Илиевски, најавувајќи го масовниот собир на „За заедничка Македонија“ за денеска од 17 часот.
-Единствениот начин како ќе нè слушнат е да бидеме секој ден тука во се поголем и поголем број, многу е важно да дојдеме тука и да докажеме дека оваа земја има луѓе има синови и ќерќи кои што ќе ја бранат унитарноста на оваа земја. Mногу важно тој народ, народот „За заедничка Македонија“, народот за мултиетничко општество, а не за бинационална, федерална држава, во 17.00 часот пред Владата да бидеме сите до еден и да маршираме до Собранието. Има многу такви што мислат дека можат да не излажат, но вистината навистина е како шило. И од самиот Зијадин Села ја слушнавме платформата за која не убедуваат дека не постои и би сакале да не убедат и нас дека не постоиме како што тоа до сега го правеа, затоа ќе се собереме во најголем број – порача Илиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)