| четврток, 6 декември 2018 |

Спотот на Вучиќ за победа, во фокус „македонското сценарио“ (ВИДЕО)

За разлика од македонските медиуми под контрола на СДСМ и Сорос, кои сеат магла дека прифаќањето на тиранската патформа од страна на СДСМ не само што не е погубно за Македонија туку е и полезно, во Србија се свесни дека многу скоро, доколку народот во Македонија не ја одбрани својата држава како што прави мирно и достоинствено веќе 31 ден, и тие ќе сркаат од врелата чорба што се готви кај нас.

Во меѓувреме, во Србија тече предизборната кампања за претседателски избори. Кандидатот на Српската напредна партија, актуелниот премиер Александар Вучиќ, во последниот спот ја користи ситуацијата во Македонија, односно „македонското сценарио“ и дава ветување дека нема да дозволи кризата да се прелее и во Србија.

Иако медиумите под контрола на СДСМ и Сорос се обидуваат да ја скандализираат оваа изјава на Вучиќ, дека Македонија „стана страшило во регионот“, а Вучиќ ја користи како сламка на спасот поради падот на рејтингот, мало пребарување на интернет покажува дека Вучиќ настапува со овој став уште пред еден месец, односно откако претседателот Иванов не му го додели мандатот на Зоран Заев.

Уште на 2 март на митинг во Врање, зборувајќи за противкандидатите, Вучиќ рече дека „се здружуваат за да предизвикаат нестабилност во земјата и од Србија да направат Македонија или Украина“.

Мојот одговор за нив е: Не ви се плашам, колку и да ве има! Ќе победиме заедно. Не дозволувам да ја урнете Србија, не дозволувам Србија да биде Македонија или Украина. 

Дека Србија е директно засегната од прифаќањето на тиранската палтформа од страна на СДСМ, дури и не земајќи го предвид обвинувањето за геноцид, е факт кој досега е повеќепати спомнуван, а за волја на вистината тоа го потврдуваат и албанските националисти во своите излагања.

Македонија е мртва, следна е Србија – рече лани за српски „Курир“ авторот на албанската платформа, Кочо Данај, кој тврдеше дека протестите во Скопје не се поради незадоволство од домашното судство туку за создавање на новата албанска држава која ќе завземе поголем дел од Македонија како и половина од јужна Србија. Тоа го поткрепува со фактот дека главен декор на протестите низ Македонија е токму картата на Голема Албанија.

„Од витално значење за Србија е опстанокот на Македонија како сеопфатна државата, а не само поради скандалозната изјава на Тирана, која Србија и Србите ги обвинува за наводен геноцид во Македонија, туку и заради патните и железничките врски со Егејско Море. Затоа – и 1912 година, но, исто така, во 2001 и 2015 година – и денес Белград мора да ги земе предвид интересите на Македонците, чија одбрана ги брани виталните интереси на Србија“, напиша д-р Стеван Гајиќ од Институтот за европски студии во Белград во анализата „Србија мора да застане на страната на Македонија и Македонците, бидејќи со тоа ги брани и своите интереси“, објавена на „Факти.рс“.

Од друа страна, со наслови од типот „Вучиќ сака да стане Супермен во Србија“, „Вучиќ ги плаши Србите со „македонско сценарио“, „Груевски плаши со албанско, Вучиќ со македонско сценарио“, „Македонско сценарио – за заплашување и злоупотреба?“ Дојче веле, Телма, 24 вести и други медиуми кои работат по директива од „Павел Шатев“ се обидуваат да ја релативизираат сериозната ситуација во Македонија и  да прикажат дека во Македонија ништо не се случува, небаре сме Шведска, а кризата и заканата од прифаќањето на тиранската платформа доаѓаат од главата на Груевски, односно на Вучиќ.

vucic1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top