| четврток, 6 декември 2018 |

Запленети 1.350 килограми марихуана кај Валона

Полицијата од приморскиот албански град Валона заплени 1.350 килограми мархуана, која требало да биде транспортирана кон италијанскот брег.

Полицијата забележала две возила и еден моторен чамец на патниот правец Трпорт-Звернец, по што почнала да ги следи, но кога следените лица ја забележале полицијата ги напуштиле возилата и успеале да побегнат.

При контрола полицијата ја пронашла дрогата спакувана во 52 пакета ставени во големи спортски торби.

Според полициската статистика, само овој месец албанската полиција запленила над осум тони марихуана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top