| четврток, 6 декември 2018 |

Германија не може да толерира турска шпионажа врз пратеник од Бундестагот

Гермaнската Влада не може да толерира турска шпионажа врз член на германскиот Парламент, изјави денеска министерот за надворешни работи Зигмар Габриел.

Парламентарниот секретар на германското МВР откри денеска дека пратеник од Бундестагот и друг политичар се наоѓаат на списокот со стотици субјекти за шпионажа, предаден на шефот на германското разузнавање од турската разузнавачка служба МИТ.

Според германски медиуми, станува збор за Мишел Мјунтеферинг, пратеник во Бундестагот и локален политичар од Христијанско-демократската партија.

– Тоа е сериозно обвинување, изјави Габриел.

Сега зависи од федералниот обвинител да одлучи за случајот.

На списокот се наоѓаат лица за кои се претпоставува дека се поврзани со исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен кого Анкара го смета за организатор на обидот за преврат во Турција во јули минатата година.

Федералното обвинителство потврди дека е почната истрага за неколку припадници на МИТ за наводна шпионажа, јави ДПА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top