Мораме да се бориме за да ги заштитиме нашите песни, нашите ора, нашиот ритам македонски, порача оперскиот пејач Дејан Стоев пред граѓаните кои беа собрани пред Собранието на Република Македонија.
-До кога ќе се делиме, Македонија е една, а ако сме Македонци, тогаш треба да се сплотиме и да останеме такви. Гордо ве гледам во волкав број, знаејќи дека силата на една земја се мери со силината на нејзиниот народ, не може никој вечно да остане глув за ова. Македонија отсекогаш имала силен, но мирен народ, тоа го докажува и оваа граѓанска иницијатива, ниту една плочка не е помрдната по патеката каде што оди овој народ, ниту една фасада не е ишкртана, ниту еден споменик не осквернавен, ниту еден полицаец не е повреден, ниту едно стакло не е скршено и ниту еден кабинет не е опожарен. Ова е вистинскиот македонски народ, со единствената партија во срцето Македонија, со единствената вера Македонија. Поради тоа треба да се бориме, да си ги заштитиме нашите симболи, нашиот јазик, нашата химна, нашето знаме. Да се бориме да ги заштитиме нашите песни, нашите ора, нашиот ритам македонски, замислете како „Јовано Јованке“ не е веќе во 7/8 ритам, не би била препознатлива, изјави Стоев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Илиевски: Наша должност е на идните генерации да им оставиме земја во која ќе живеат заеднички, мирно и достоинствено
-
„За заедничка Македонија“ : Сигурно е дека битката за правда и вистина продолжува, нашиот отпор е наша должност
-
Штипјани порачаа: Предвремени избори се единствен излез од кризата (Фото)
-
Охриѓани повторно со поддршка за иницијативата „За заедничка Македонија“