Борис Дамовски еден од главните организатори на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ напомена дека единствениот начин да се реши оваа состојба се граѓаните со нивното присуство на улицата.
-Со нашето присуство го чекориме единствениот начин на кој може да ја решиме ситуацијава. Во 2005 година бевме ставени во демократски ќорсокак, каде народот преку највисокиот демократски акт, референдумот не може да одлучи за тоа дали да има нови избори – вели Дамовски.
Тој напомена дека политичари ги лажат дека немало платформа, а единствен начин да се надмине таа платформа е излегувањето на нови избори.
– Ова Собрание го претворија во казино, ја гледаме платформата се појавува како митски објект, па ја нема, па ќе се појави пак, па денеска ја видовме од собраниска говорница, значи ја има, значи не лажат. За оваа состојба на лага да ја надминеме ни требаат нови избори – порачува Дамовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)