Еден од главните организатори на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ уште еднаш повтори дека граѓаните се најзаслужни што се’ уште нема тиранска влада во Македонија и претседател на Собраниот кој не се откажал од платформата.
– Затоа што нѐ има сѐ уште нема тиранска влада во Македонија, затоа што нѐ има и денеска нема претседател на Собранието, кој не се откажал од тиранска платформа, а затоа што ќе нѐ има, победите на заедничка Македонија ќе продолжат. Излеговме на улица и не си одиме, тоа им е јасно на сите. Затоа и денеска на 40 локации, над 100 илјади Македонци гордо, храбро, одважно велат НЕ за двојазична и бинационална држава, бараме отфрлање на тиранската платформа и од тоа не се откажуваме – изјави Богдан Илиевски од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
Илиевски ги покани граѓаните утре во најголем број да излезат на улиците, за нивниот глас да го слушне цела Европа.
– Ве поканувам се повеќе и повеќе да бидеме секој нареден ден, а утре најгласно оваа недела, важно е да бидеме тука како минатиот вторник, кога нѐслушнаа до Австрија и до Брисел, утре треба да нѐчуе цела Европа, а особено пратениците – изјави Илиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Европа го освои „Лејвер купот“ (Видео)
-
Атанас Илиевски: Пајче, да се надеваме дека ќе дојде ден да проговориш од обвинителна клупа
-
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија ќе оди напред во ЕУ и во НАТО, но без Заев
-
Студен бран од Сибир ја зафати Европа: Неверојатно ниски температури во Франција, Италија, Полска, тројца починаа од студ (фото)