Репрезентацијата на Чиле лесно ја совлада Венецуела (3-1) на домашен терен и направи чекор напред во кандидатурата за место на Мундијалот во Русија.
Чилеанците сега имаат 23 бода, еден повеќе од Аргентина, која вчера без суспендираниот Лионел Меси загуби на гостувањето кај Боливија. Алексис Санчез и Естебан Паредес беа творци за победата на домашната репрезентација, чија победа можеше да биде поубедлива, доколку Сачез го реализираше пеналот во вториот дел.
Сите три гола беа ремек-дела, а првиот на Паредес за водство од 2-0 посебно го привлече вниамнието на фудбалската јавност, поради одличната тимска игра на домашните фудбалери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)