| четврток, 6 декември 2018 |

Не тагуваше долго – Бред Пит си фати девојка?

bred

Во холивудските кругови изминативе неколку дена започнало да се “шушка” за нов ѕвезден пар.

И покрај тоа што го поврзуваа со актерката Кејт Хадсон, се чини дека тоа биле само гласини. Во холивудските кругови во последните неколку дена започнало да се шпекулира за нов пар помеѓу познатите, односно за Бред Пит и Сандра Булок.
По болниот развод од Анџелина Џоли, по 12 години полни љубов, се чини дека работите помеѓу нив започнуваат да се измазнуваат па и двајцата се подготвени да тргнат понатаму. Иако нема официјална потврда, секако, овој пар ги запознал блискиот пријател на Бред, Џорџ Клуни, кој наскоро ќе стане татко за прв пат.

Но шармантниот Џорџ е пријател и со Сандра Булок, а наводно он бил тој кој инсистирал на запознавањето, па постојано им договарал состаноци. Ако може да им се верува на гласините, Сандра и Бред тајно се гледаат и не планираат да се појават во јавност во блиска иднина заедно.

Во меѓувреме, Анџелина ужива во времето кое го поминува со нејзините деца, а по разводот ја поврзуваа со Џаред Лето, но парот никогаш не бил виден заедно.

Дали ова е само една медиумска гласина, ни останува да почекаме за да дознаеме, но кога подобро ќе размислиме, тие би биле навистина добар пар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top