| четврток, 6 декември 2018 |

Раниери проговори за отказот во Лестер: Почувствував шок, но не и огорченост!

ranieri i vardi

Сега веќе бившиот тренер на Лестер Сити, Клаудио Раниери се наврати на моментот кога заработи отказ од клубот. Тој вели дека одлуката на раководството на „лисиците“ беше изненадувачка, но за истата не почувствувал огорченост.

„Кога ќе помислам за отказот од Лестер, прво нешто што ми паѓа на памет е изненадување и шок, а не огорченост. Сум поминал многу во мојата кариера како тренер, но никогаш не сум се почувствувал така. Бев шокиран, но таквите работи се случуваат постојано во фудбалот“ , вели Италијанецот.

Поради очајните резултати и местото на табелата во Премиер лигата, на 23 февруари, раководните лица на Лестер одлучија да му врачат отказ на тренерот, кој пред само девет месеци им ја донесе титулата во Премиер лигата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top