| четврток, 6 декември 2018 |

Швајни-лудило во Чикаго, Германецот пречекан како најголема ѕвезда

Стотици навивачи на Чикаго го пречекаа германскиот интернационалец, Бастијан Швајнштајгер на аеродромот „Охара“. Чикаго го доведе фудбалерот на Манчестер Јунајтед од следната сезона за 4,5 милиони долари, па 32-годишниот ветеран дојде да ги мине лекарските прегледи и да го потпише договорот.

svajnstajger 2

Швајнштајгер потврди пред многубројните новинари дека има големи амбиции за животот и кариерата во САД и смета дека може да даде уште многу играјќи фудбал.

svajnstajger 1

Дидие Дрогба или Џермејн Џонс се останатите ѕвезди во поодминати денови кои се наоѓаат пред потпис со клубови од МЛС лигата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top