На луѓето кои ќе решат да си заминат од татковината воопшто не им лесно и копнеат да се вратат дури и по многу години откако ќе се навикнат на животот во туѓина. Многу ид нив заштедените пари ги вложуваат во недвижности, но една Србинка сета заштеда ја вложила во нешто друго – си подигнала надгробен споменик.
„36 години во Германија многу работев, тагував, плачев за татковината, семејството, за сите кои ги сакав повеќе од себе. Денеска 3 години во татковината тие за кои живеев велат дека ги мразам и дека сум злобна жена, а тоа се гледа по моите очи. Затоа си ги кренав овој споменик самата на себе, зашто тие не се ни должни на таква жена која им нанела толку зло да ѝ направат споменик. И покрај се, ќе ги сакам и кога ќе умрам“, пишува на споменикот.
Овој необичен последен поздрав се шири по социјалните мрежи. Иако многумина го разбираат, има такви и на кои им е смешен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.