Синоќа, најдобриот аргентински тенисер, Хуан Мартин дел Потро го одигра можеби најдобриот натпревар оваа сезона, но не беше доволно да го совлада неверојатниот Роџер Федерер.
Федекс беше непогрешлив и на свои 35 години игра како во најдобрите денови, кога „тероризираше“ на тениските терени, неговата „послаба страна“ бекхендот едноставно му е перфектен, сервисот совршен, а сето тоа го потврди Дел Потро, кој по мечот не штедеше на пофални зборови за најдобриот тенисер на светот на сите времиња.
– Не е спортски ако кажам дека пред 10 години неговиот бекхенд не беше на ниво, но според многумина тоа беше „најслабото оружје“ на Федерер и сите го напаѓаа. Но, денес неговиот бекхенд е перфектен, никогаш не играл така добро со тој удар. Клучниот напредок го направи во движењето, тој се движи многу брзо и според мене, многу побрзо од неколку години наназад- изјави Дел Потро
Освојувачот на првиот Грен слем и Мастерс оваа сезона во Мелбурн и Индијан Велс во четвртфиналето во Мајами ќе се соочи со Баутиста-Агут, меч кој ќе започне вечерва по 22.00 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.