| четврток, 6 декември 2018 |

Федерер успешно стартуваше на Мастерсот во Лондон

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер успешно го почна Мастерс во Лондон. Тој во првата рунда од групата „Борис Бекер“ го победи Американецот Џек Сок со 2-0, по сетови 6:4, 7:6 (7:4).

Во вториот круг од групата, од 21 часот се среќаваат Александар Зверев (Германија) и Марин Чилиќ (Хрватска).

Финалниот турнир од сезоната се игра за награден фонд од осум милиони долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top