| четврток, 6 декември 2018 |

Рангелова: Зошто Заев не ја искоментира изјавата на Дода дека Македонија е албанска покраина?

-Ниту еден од пратениците од СДСМ, а секако и претставниците и пратениците од албанскиот електорат во Собаранието на РМ, не земаа за сходно да ја искоментираат изјавата на пратеничката Месила Дода од Албанија, во која кажува дека Македонија е албанска покраина и дека Македонија била Илирида и ако не можел Заев и СДСМ да им помогнат на Албанците во Македонија, Илирида би одржала референдум за прогласување самостојност – истакна Даниела Рангелова на денешната конститутивна седница во Собранието.
Рангелова потенцираше дека ова прашање би му го поставила на Заев.

– Зошто Заев не ја искоментира изјавата на Дода бидејќи тие, нели, викаат дека не поддржуваат таква платформа – дополни Рангелова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top