| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел го подига детскиот додаток на 184 евра месечно за секое дете

angela-merkel-gi-091

Предизборната програма, со која германскиот канцелар Ангела Меркел ќе оди на парламентарните избори во септември, може да чини 30 милијарди евра, тврди денеска економскиот весник „Ханделсблат“.

Лидерот на конзервативниот Христијандемократски сојуз „Ангела Меркел ќе се претстави во кампањата со предизборни ветувања во вредност од 28,5 милијарди евра“, наведува весникот.
Планираните мерки биле разгледани на видео конференција со партиски членови оваа седмица.
Дел од сумата – 7,5 милијарди евра, ќе се троши за ветеното намалување на даноци од вкупните приходи за секое дете од едно семејство, појаснува Министерството за финансии. За таа цел детскиот додаток за првите две деца ќе биде зголемен за 35 евра во споредба со сегашното ниво – 184 евра месечно за едно дете.
Христијандемократски сојуз на тој начин се стреми да даде посилна поддршка на семејствата со повеќе деца.
Меркел вети во наредниот мандат да ги зголеми за една милијарда евра годишно инвестициите во инфраструктурата и да се преземат мерки за да обезбедат поевтини домови за населението.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top