| четврток, 6 декември 2018 |

Сан Антонио го декласираше шампионот, повреда на Леброн (видео)

san antonio

Сан Антонио синоќа на домашен терен го декласираше Кливленд победувајќи со 103-74.

Се очекуваше да биде тоа голема пресметка на двете екипи, но Спарси едноставно го разбија Кливленд. Натпреварот беше решен веќе во втората четвртина кога Сан Антонио создаде предност од 24 поени. Каваи Леонард ги предводеше домашните со 25 поени, притоа и со по шест скока и асистенции, а Ламаркус Олдриџ и По Гасол постигнаа по 14 поени, додека Ману Џинобили запиша 12 поени.

Кај Килвленд се истакна Леброн Џејмс со 17 поени, и по осум асистенции и скока. Но, она што е потрагично за Кливленд, е повредата токму на Леброн Џејмс при крајот од третиот период.

Во скок Леброн Џејмс беше удрен со лакт од Девид Ли, по што Кралот не можеше да го продолжи мечот. Џејмс кон средината од последната четвртина се упати и дефинитивно кон соблекувалните, па наредниве денови се очекува да биде познато колкава е тежината на повредата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top