Американски законодавци моментно го испитуваат мешањето на една национална држава во политичкиот процес во друга земја.
Тоа не се однесува на истрагата на комитетите на Претставничкиот дом и на Сенатот за руското мешање во претседателските избори во САД, туку неколку републикански сенатори и конгресмени го испитуваат партнерството во Македонија меѓу Владата на САД и Фондацијата на Џорџ Сорос, пишува „Дејли колер“.
Законодавците испратија писма до американската Канцеларија за одговорност на владата, до државниот секретар, Рекс Тилерсон, и до амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли. Во писмото до Бејли испратено во јануари, републиканскиот сенатор на Јута, Мајк Ли, напиша: Имам добиено веродостојни извештаи, кои покажуваат дека во изминатите неколку години американската мисија во Македонија активно се меша во внатрешната политика на Македонија, во нејзините медиуми, како и во граѓанското општество, често фаворизирајќи една политичка партија на сметка на друга.
Во понеделникот Бејли го посети Вашингтон и се сретна со сенаторот Ли и неговиот персонал, изјави портпаролка од канцеларијата на Ли за „Дејли колер“. Од канцеларијата на Ли не кажа што се случувало за време на состанокот.
Додека Ли во своето писмо од јануари наведе само „веродостојните извештаи“, тој и пет други републикански сенатори, вклучувајќи го сенаторот на Тексас, Тед Круз, и сенаторот на Џорџија, Дејвид Пердју, дадоа поконкретни детали во писмото што го испратија до Тилерсон во март. Таму тие пишуваат за директни грантови што УСАИД ѝ ги доделила на Соросовата фондација „Отворено општество“.
Иако голем дел од тврдењата за руското мешање во претседателските избори во САД се потпираат на наводни хакерски операции, спроведувањето на американската кампања во Македонија не се затскрива. УСАИД, која е одговорна за доделување странска помош, и официјално соработува со Фондацијата „Отворено општество“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џес Бејли: Решавањето на спорот за името ќе придонесе за стабилноста на регионот
-
Велиновска: Го разбирам Бејли, се надева дека може да избега од пишаното
-
Вечерва официјално потврдено: Покренато обвиниение против Бејли за активностите во Македонија
-
Договорот од Пржино е добра основа за надминување на политичката криза во земјата